Проекти

Описменување на возрасните

 

Проектот моментално му помага на градот Камаквие да има програма за описменување на возрасните. Часовите за возрасните и за децата се одржуваат за време на викендите. Обуката вклучува учење на основите на читањето, пишувањето и аритметиката. Училиштето ги обезбедува неопходните моливи и хартија за процесот на учење. Промената која ова може да ја донесе во животите на учениците е бесценета:

 

Дополнително, во моментов се воспоставува и првата библиотека, така што селаните се во можност да ја користат својата нова способност за читање со вистински книги. Ова ќе помогне да се реши еден голем проблем, со оглед на тоа што моментално нема книги за читање по завршување на училиштето.

 

Образование на надарени деца

 

Многу семејства не можат да си дозволат да го финансираат образованието на своите деца. На родителите им е проблем дури и да купат молив, а купување на тетратка претставува огромен трошок за кое било семејство. За многумина од нив не е реткост да минат пеш и по 20 километри дневно за да стигнат до училиштето и назад до дома. Тие добиваат храна само на училиште, ако финансискиот буџет на училиштето го дозволува тоа. За многу од децата ова претставува најголема можност да добијат оброк.  

 

Пуштање во употреба на локална училишна библиотека

 

Училишта од Обединетото Кралство ги донираат своите книги за учениците да можат да имаат пристап до книги и литература за учење.

 

Обезбедување микро заеми за семејствата

 

Во Камаквие, жената во домаќинството ги води финансиите. Овие исти жени имаат и потенцијал да добијат понуда за микро заеми, да инвестираат и не само да ги подобрат своите стандарди на живот, туку и да ја добијат почитта од заедницата со тоа што создале нешто. Намената на овие заеми варира, а еден пример е купување на пченично семе и враќање на заемите штом ќе се собере жетвата. Можеме да обезбедиме финансиска помош на малите бизниси, како поврзување на мали земјоделски тезги, каде особено би можело да се продава сол и зелен пипер. Мажите кои заработуваат за семејствата можат да добијат микро заеми за бизниси како ковачници, а со заварување би можеле да прават врати, прозорци и да продаваат гориво во шишиња. Овие мали бизниси може да донесат насмевка на лицето на кој било човек надвор од нивната заедница, кога тој или таа ќе сфати дека во екстремно сиромашни услови од него/неа зависи дури и субвенционирањето на цели семејства.