Општествена одговорност
Општествена одговорност претставува термин кој го користат многу компании од целиот свет без всушност да сторат нешто во врска со тоа. Клучниот момент е да се врати нешто во заедницата, како дел од нашата нормална активност да им помогнеме на другите луѓе кои немаат толку среќа како нас. Како Групација на компании, ние веруваме дека сега е време да вратиме нешто конкретно на заедницата, нешто што активно ќе им помогне на луѓето, следејќи ја логиката дека една мала помош може да го промени животот на некоја личност или заедница.
Начин за обезбедување помош
Групацијата одлучи да донира дел од годишниот профит во добротворен проект за заедницата. Целта се проектите за самопомош, каде Creditexpress ќе ги обезбеди логистиката, финансирањето и алатките за развој и просперитет на членовите на заедницата.
Сиера Леоне: Камаквие
Република Сиера Леоне е земја во Западна Африка. На север и на исток таа се граничи со Гвинеја, на југоисток со Либерија и на запад и југозапад со Атлантскиот Океан и има проценет број на население од 6,5 милиони луѓе.
Сиера Леоне е дванаесеттата најниско рангирана земја на Индексот на човековиот развој (Human Development Index) и осма најниско рангирана на Индексот на човековата сиромаштија (Human Poverty Index). Во периодот помеѓу 1991 и 2002, земјата беше уништена од граѓанска војна во која умреа повеќе од 50.000 луѓе, а поголемиот дел од инфраструктурата на земјата беше уништен.
Камаквие
Камаквие е мал град со 9.000 жители каде имаше жестоки борби за време на граѓанската војна.
Проектот за развој на заедницата Села (Sella Community Development Project) беше воспоставен за да обезбеди модел за помош за развој на луѓето во комбинација со образовни програми и програми за самопочит. Во нив се прават сите напори за родителите да можат да им овозможат развој на своите деца, за тие да посетуваат училиште и да научат занает. Нивната цел е да создадат нормални човечки услови за живот во средина во која навистина има недостиг на материјални и духовни ресурси.
Но, факт е дека моментално постојат нови ресурси за помош на овие луѓе, достапни од страна на локалната заедница или од страна на владата. Фактот што една книга чини повеќе од еден месечен приход, сам по себе зборува колку е тешко родителите самите да се образуваат или да ги образуваат своите деца.
Проектот за развој на заедницата Села (Sella Community Development Project) беше воспоставен од страна на Ричард Мидс, поранешен професионален спортист кој одлучил да го посвети своето време на домородното население на Сиера Леоне. Заедно со водачите на локалната заедница и со свештениците, со многу ограничен буџет, успеано е да се образуваат децата и да се воспостават програми за микро кредитирање кои активно им дозволуваат на луѓето да започнат сопствен бизнис и да се развиваат со своите сопствени напори.
Во првата инвестициска фаза на Проектот за развој на заедницата Села (Sella Community Development Project), поддржавме конкретни напори кои сега се реалност:
• Реновирање на училишна зграда за лицата од сите возрасти да научат да читаат и пишуваат;
• Монтирање на соларен електричен систем за училиштето да може да работи и ноќно време (претходно немало никаква струја, па училиштето затворало по залезот на сонцето);
• Транспорт и испорака на контејнер со користени книги од една приватна донација во Обединетото Кралство;
• Донација на капитал за организацијата за локални микро заеми.
Овие донации прават разлика во животите на луѓето кои претрпеле загуби, но активно се обидуваат да го подобрат својот живот. Како Групација, ние треба да се гордееме со тоа што правиме разлика во светот.
Ова е веб-локацијата на Проектот за развој на заедницата Села (Sella Community Development Project):
