Услуги
Преглед
CREDITEXPRESS во целиот регион обезбедува услуги на административна наплата кои ги имаат истите карактеристики:
- Наплата во земјата
- Долгови со вредност од 5 евра (или истиот износ изразен во локална валута) до неколку илјади евра
- Нема потреба од иницијална документација
- Можности за справување со обем од неколку должници до 100.000 должници одеднаш
- Редовно и детално информирање за сите активности преземени во врска со случаите,
- Известување од управен одбор на месечна основа.
Рана наплата
Автоматско примопредавање на податоци од прв ден на достасаност, сите побарувања се следат ефикасно и ефективно, на начин кој е поекономичен и пофлексибилен од она што клиентите би можеле да го направат сами.
Во текот на оваа фаза на наплата фокусирани сме на повторно поврзување на должникот со клиентот, проследување на уплатите со цел истите должници и понатаму да бидат ценети корисници на нашите клиенти.
Дополнителна корист е намалувањето на фиксните трошоци, како и реализација на услугите без дополнителни финансиски оптоварувања.
Наплата на побарувања
Новите методи на привлекување корисници, посложените методи на плаќање, како и порастот на меѓународната трговија ги зголемуваат потребите на менаџерските тимови кои управуваат со побарувањата. Професионалната наплата на долгови е еден од најекономичните начини за подобрување на протокот на готовина и намалување на ненаплатените побарувања.
Изработени се кампањи во кои се развиваат стратегии за начинот на водење на телефонските преговори за наплата и повеќекратно испраќање дописи кои се во согласност со деловните стратегии на нашите клиенти, а во исто време на должниците им се нуди широк спектар методи за наплата со цел да се поттикне навремено плаќање на достасаните побарувања.
Од оперативна гледна точка, персоналот на нашиот контакт центар е организиран во сектор и тимови соодветни на типот на клиенти, што им овозможува подобро разбирање на клиентот, деловната средина во која работат, како и законските барања. Токму ваквиот пристап на нашите клиенти им ја обезбедува сигурноста и довербата што им е потребна. Тоа што на одреден клиент му се зголемиле обврските, односно долговите за плаќање, не секогаш подразбира и губење на истиот како корисник.
Следење на побарувања
Ако сте во фаза на отпишување долг поради ненаплатливост, соодветна алтернатива би можело да биде доверување на долгот на специјализиран партнер кој може да примени адекватна програма за следење на долгот. Оваа услуга е специјалност на CreditExpress.
Нашата служба го следи финансискиот статус на должниците до десет години по пат на повремен контакт по телефон, дописи или посети од страна на агент. Одржување редовен контакт и усвојување внимателен и фокусиран пристап во сите аспекти на процесот дава гаранција дека доколку се подобрат финансиските околности тогаш може да се воведе соодветен метод на наплата.
Оваа алтернатива е особено корисна во економски несигурни времиња во кои должникот може денес да ја загуби неговата/нејзината работа, но повторно да се вработи по неколку години и тогаш да го плати долгот.
Откуп на долгови
Составен елемент на дејноста на CreditExpress е откуп на долг. Ние имаме тим на аналитичари кој се занимава со откуп на долгови и кој им овозможува на клиентите да добијат специјализирано знаење кое се однесува на продажба на должничкото портфолио, независно дали се од голем или мал обем, при што го покануваме клиентот да учествува во текот на целиот процес на продажба и по тоа.
Зошто продажба?
- Проток на готовина - ВЕДНАШ
- Доверба во податоците за должниците кои се чуваат во тајност и справување со должниците во согласност со етичкиот кодекс на CREDITEXPRESS
- Релоцирање кон суштинските активности во рамките на Вашата дејност и одржување на бројот на вработени
- Ослободување на вредни ИТ ресурси, човечки ресурси, хардвер и софтвер
- Намалување или отстранување на административните трошоци за вработување на тимови за наплата
На продажбата на долгот треба да се гледа како на дел од целокупната стратегија за наплата на долг, како на алатка која се користи кога е потребен избалансиран пристап во менаџирање на побарувањата.
Правна наплата (кредит партнер)
Како краен, но, сепак, интегриран чекор во рамките на процесот на наплата, ние сме во можност да понудиме наплата по правен пат.
Тимот на правници вработени кај нас работи според стандардите на CREDITEXPRESS и истите се во позиција да ги застапуваат клиентите во постапки кои во најдобар случај би им одзеле многу време и ресурси.

