На нашите клиенти
Целта на економскиот натпревар е да создаде вредност и да ја направи посакувана и достапна на другите. Постојат настојувања за продажба на пазарот. Постои потреба од кредити. Побарувањата се природен феномен во оваа економска средина. Кредитирањето вклучува многу ризици: може да изгубите заем поради многу причини, вклучително и планирани злоупотреби, пропаднати кариери и неисполнети договори. Економските, социолошките и психолошките причини на долговите се неверојатно променливи.
Постои дилема: треба ли да не позајмуваме и да доживееме неуспех врз основа на губење пазари или треба да позајмуваме и да банкротираме поради должниците? Доверителите денес мора да работат балансирајќи по тенка и гранична линија меѓу две крајни спротивности. Што треба да правиме?
Кредитирањето не може да се избегне долгорочно затоа што постои прекумерно производство. Кредитот не само што вклучува финансиски заем туку претставува и состојба каде одреден производ се доставува на корисникот денес, а се плаќа следниот ден. Така, ќе победат оние кои ќе го направат вистинскиот избор кому ќе дадат кредит и ќе донесат мудра одлука за износот, рокот на кредитот и ризиците поврзани со него.
Веднаш штом ќе доставите некоја вредност произведена од Ваша страна за Вашиот корисник настанува една состојба која може да се опише како игра во која должникот има опција да плати, но во исто време и можност за другата опција - да не плати. Овие опции можат да изгледаат бескрајно променливи за оние кои не се експерти (корисниците можат да смислат дузина идеи и трикови); во суштина целта на компаниите за наплата е да ги идентификува истите и да ги наплати побарувањата.
Tипични игри:
- прикривање (пр. склучување договор со лажни податоци и лажни лични карти)
- криење (селење на разни адреси, прекин на телефонските броеви)
- добивање на време
- лукавост (лажни сигнали за банкрот)
Согласно Clausewitz , методите опишани погоре се само партизанска стратегија, додека добро обучена армија може да се бори против партизаните. Оваа армија е професионална компанија за наплата, која има доволно телефонски оператори, администратори, вработени за логистика, контакти во полиција, огромна база на податоци, ИТ инфраструктура, психолози, правници, математичари, експерти за маркетинг и посетители. Се разбира, таквиот богат арсенал дури и не е потребен цело време, но добро е да се знае дека неговите компоненти се постојано на располагање, ако за тоа има потреба.
И, конечно, еве 5 совети за нашите клиенти:
- Бидете повнимателни при давањето кредити!
- Побарајте од нас да ја провериме Вашата кредитна политика
- Побарајте од нас да ги изработиме Вашите кредитни правила
- Делувајте веднаш во однос на задоцнети плаќања, имајќи ги предвид праведноста и мерилата! Ние ќе Ви помогнеме да направите корисна методологија
- Препознајте ги безнадежните ситуации и не трошете пари на нив
Да не должиме: Ние имаме локално присуство во 9 земји во Централна и Источна Европа и пошироко. Имаме сеопфатно разбирање на правните работи и стручен кадар кој брои повеќе од 500 вработени, како и стручни лица чиј број сè уште расте.

